Tuesday, May 7, 2013

Вардар лесно преку Тетекс

Со рутинскиот триумф од 3:0 на гостувањето кај Тетекс шампионот на Македонија ја продолжи својата битка со Хоризонт Турново за првото место на табелата.
Наместо во Тетово, екипата на Тетекс поради казна денеска го нагости Вардар во Скопје во рамките на 28. коло во ПМФЛ.

На стадионот во Ѓорче Петров „домаќините“ немаа шанса против расположениот противник, кој лесно славеше со 3:0 и со тоа ја продолжи својата трка за врвот со тимот на Хоризонт Турново.

Стрелци во триумфот на „црвено-црните“ беа Јован Костовски во првиот и Мите Цикарски и пак Костовски во вториот дел за три бода со кои шампионот дојде до котата од 55 бодови.

Тоа е доволно за останување на второто место и задржување на разликата со лидерот од Турново на само еден бод по ова 28. коло.

Чекорот со водечкиот тандем денеска го загуби Металург, кој одигра само 1:1 нагости кај Шкендија и со тоа сега има три бода помалку од вториот Вардар.

No comments:

Post a Comment