Tuesday, May 7, 2013

Мурињо: „Проблемот на Пепе се вика Варан“

Жозе Мурињо во свој стил ја одработи последната прес-конференција на која им возврати на критичарите на неговите одлуки во врска со стартните 11 на „кралевите“.


Не требаше долго да се чека на одговорот на Жозе Мурињо на критиките на негова сметка од страна на Пепе, кој ја коментираше одлуката на стратегот на Реал да му даде предност на Диего Лопез во однос на Икер Касиљас.

Според португалскиот дефанзивец неговиот сонародник требал да му покаже поголема доза на почит на Касиљас по победата од 4:3 во саботата над Ваљадолид. Потег кој според самиот Мурињо е обид на Пепе да го сврти вниманието од неговата лоша форма и неуспехот да обезбеди стандардно место меѓу првите 11.

„Лесно е да се анализираат коментарите на Пепе. Тој има проблем кој се вика Рафаел Варан. Еден 31-годишен фудбалер го загуби своето место во тимот од еден 19-годишник. Тоа се природните закони на дело. Но, кој имаше храброст да му даде шанса на Варан? Па, нормално јас“ - изјави Мурињо, кој на својот прес не застана само на изјавите во врска со Пепе.

„Кога е голманската позиција во прашање повеќе ми се допаѓа Диего Лопез отколку што тоа е случај со Икер Касиљас. Ова не е лична одлука, нема никаков лош однос помеѓу мене и Икер, јас едноставно преферирам поинаков тип на голман за мојот тим“ - додаде Португалецот чија иднина во Мадрид е крајно неизвесна.

No comments:

Post a Comment