t, нашата фудбалска репрезентација се наоѓа на дното на листата на екс-Ју селекции кога е во прашање вкупната вредност на играчите кои настапуваат за нив.
Споменатиот портал, кој е специјализиран за трансферите и за проценувањето на актуелната вредност на фудбалерите, на врвот на својата листа ја стави Хрватска, која располага со состав кој вреди неверојатни 181.300.000 евра.
Бројка која е убедливо највисока кога се во прашање репрезентациите од поранешна Југославија и зад која Србија заостанува за 31.200.000 евра со својата проценета вредност на играчкиот кадар на 150.100.000 евра.
Трета на листата е селекцијата на Босна и Херцеговина која вреди 99.450.000 евра, а по неа следува Црна Гора со проценета вредност од 88.300.000 евра.
Пред нашата селекција се наоѓа и Словенија, која наводно вреди 60.000.000 евра, што е доста повеќе од вредноста на составот на Чеде Јаневски, кој според Transfermarkt вреди точно 27.950.000 евра. Сума во која голем удел има нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој е проценет на 10 милиони евра по што немаме играч кој е проценет на повеќе од 1.5 милиони евра.
Кога е поединечната вредност на играчите во прашање на врвот се наоѓа Лука Модриќ од Реал Мадрид (35 милиони евра), по кого следува Стеван Јоветиќ од Фиорентина (30 милиони евра). Трет е Един Џеко од Манчестер Сити, кој е проценет на 27 милиони, а зад него се наоѓа Бранислав Ивановиќ од Челси (24 милиони евра).
Најскапите десет од подрачјето на поранешна Југославија ги заокружуваат Мирко Вучиниќ (Јувентус - 21.500.000), Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед - 21.000.000), Марио Манџукиќ (Баерн Минхен - 19.000.000), Невен Суботиќ (Борусија Д. - 18.000.000), Матија Настасиќ (Манчестер Сити - 17.000.000) и Самир Хандановиќ (17.000.000 евра).

No comments:
Post a Comment