Неговата иднина останува поврзана со „црвените ѓаволи“.
„Воодушевен сум што ќе продолжам и како директор и како амабасадор на клубот. Сакам да му се заблагодарам на моето семејство, на сопругата Кети која беше главна фигура во мојата кариера и нивната поддршка многу ми значеше. Што се однесува до играчите и стручниот штаб сакам да им упатам честитки за нивното професионално однесување и посветеност и без нивниот придонес овој голем клуб немаше да има толку богата историја. Им благодарам и на навивачите кои ме поддржуваа во текот на годините. Ми беше чест и имав огромна привилегија да го предводам вашиот омилен клуб“, заклучи Фергусон, кој со 49 освоени трофеи е најуспешниот менаџер во Велика Британија.

No comments:
Post a Comment