Wednesday, May 8, 2013

Руни сака во Баерн

По пензионирањето на Алекс Фергусон на повидок е нова сезнација. Имено Вејн Руни најави заминување во Баерн.


Според „Мирор“, Руни им рекол на своите соиграчи дека сака да потпише ова лето со баварскиот гигант.

Англискиот репрезентативец би сакал да работи со Пеп Гвардиола, кој ова лето ќе го преземе Баерн. Управата на клубот од Алијанц арена му подготви астрономски буџет за засилувања на Гвардиола, а за Руни би се издвоиле 30 милиони фунти.

Вејн Руни настапува во дресот на „црвените ѓаволи“ од 2004. година и во 396 натпревари има постигнато 197 гола. На Јунајтед му помогна да освои четири шампионски титули во Премиер лигата, а еднаш славеше и во Лигата на шампиони.

За репрезентацијата на Англија има 91 настап и постигна 35. гола.

No comments:

Post a Comment