Monday, May 6, 2013
Кавани со хет-трик му на нанесе нов пораз на Интер
Дербито на 35. коло во Серија А го одбележа Уругваецот, кој со хет-трик му донесе важна победа на својот тим од 3:1 во битката за директен пласман во Лигата на шампионите.
Три бода во последните три кола. Толку му е потребно на тимот на Наполи следната сезона да се врати во Лигата на шампионите, обезбедувајќи директен пласман со освојувањето на второто место во Серија А.
Поблиску до таа цел тимот на нашиот најдобар фудбалер синоќа на „Сан Паоло“ го доближи одличниот Единсон Кавани, кој беше стрелец на сите три погодока во победата од 3:1 над Интер.
Уругваецот го отвори резултатот веќе во третата минута по една топка во простор од страна на Пандев, а гостите успеаја да изедначат од белата точка преку Рики Алварез 20 минути подоцна.
Сепак, десет минути по изедначувањето пенал и за Наполи, кој без проблеми го реализираше Кавани за 2:1. Истиот играч во 78. минута по уште едно додавање на Пандев ги постави и конечните 3:1 со својот 26. погодок оваа сезона.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment