Sunday, May 5, 2013

Мурињо: Следната сезона можеби нема да бидам во Реал Мадрид


Жозе Мурињо индицира дека ова е негова последна сезона како тренер на Реал Мадрид, Португалецот сака да биде некаде каде што ќе биде сакан.

Најавите од медиумите, а сега и самиот Португалец сугерираат дека Жозе Мурињо ја привршува последната сезона како тренер на Реал Мадрид.

Мурињо не успеа да ги донесе посакуваните резултати, се говори и дека атмосферата во тимот не е на потребното ниво.

По поразот од Борусија Дортмунд, Мурињо беше запрашан дали ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона.

„Можеби не. Сакам да бидам некаде каде што ќе бидам сакан" - изјави Мурињо.

No comments:

Post a Comment