Sunday, May 5, 2013

Бејл го носи Тотенхем кон Лига на шампиони


Герет Бејл со право ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата оваа сезона. На мечот со Саутемптон му донесе триумф на Тотенхем.

Натпреварот на „Вајт Харт Лејн“ доцнеше половина час заради гужва во сообраќајот во околината на стадионот. Во 86. минута победничкиот погодок за Спарси го постигна феноменалниот Велшанец и со трите бода неговата екипа остана во трката за Лигата на шампиони. Спарси се четвртти со 65 бода.

Габриел Агбонлахор постигна два гола во победата на Астон Вила на гостувањето кај Норич со 2:1 по која тимот од Бирмингем влегува во сигурната зона.

Виган на два пати губеше на гостувањето против ВБА, но на крајот славеше со 3:2. Коне, Мeкартур и Мекманаман беа стрелци на головите за гостите кои ги одржаа шансите за опстанок.
Фулам загуби со 2:4 од Рединг, а немаше голови на натпреварите Свонси - Манчестер Сити и Вест Хем - Њукасл.

No comments:

Post a Comment