Monday, May 6, 2013

Барса се ништо без Меси


Бетис синоќа беше на праг да направи изненадување на Ноу Камп, барем до моментот кога Лионел Меси не влезе во игра.

Барселона успеа по елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампионите да им се врати на победите во Примера, а нивна жртва беше тимот на Бетис.

Поточно, жртва на Лионел Меси беше тимот од Севиља, кој по првото полувреме водеше со 2:1 на Ноу Камп, предност која ја имаше сè до неколку моменти пред влегувањето во игра на резервата на овој меч Меси.

Бетис два пати водеше, со 1:0 преку Пабон во втората и 2:1 преку Перез во 43. минута, а голот на Санчез во 29. минута само за момент ги врати работите во егал.

Но, кога во 55. минута во игра влезе најдобриот светски фудбалер се смени односот на сили на теренот, а доказ за тоа беше прекрасниот погодок на Меси од слободен удар само пет минути подоцна за 3:2. Претходно, непосредно пред да му го отстапи своето место на Аргентинецот Давид Виља изедначи на 2:2.

Меси во 71. минута ги постави и конечните 4:2 за Барса по една прекрасна акција во која учествуваа и Санчез и Иниеста за својот 46. погодок оваа сезона во Примера, што е за четири помалку од неговиот личен рекорд.

No comments:

Post a Comment