Monday, May 6, 2013

Тензии и поделби во Реал


Како што пренесува мадридска Marca, постои голем раздор во соблекувалната на „кралевите“ по кој на страната на тренерот Жозе Мурињо останале само Модриќ, Лопез и Есиен.


Еден ден пред дуелот со Ваљадолид во Примера, како што пишува Marca, дошло до голем судир во таборот на Реал во кој поголем дел од играчите го изразило своето незадоволство од тренерот Жозе Мурињо.

Според дневниот весник, кој важи за близок на раководната структура на се уште актуелниот шампион на Шпанија, португалскиот стратег за главни виновници за неуспешната сезона ги издвоил Икер Касиљас и Кристијано Роналдо, особено за слабата форма на тимот на стартот од оваа сезона.

Тоа наишло на осуда од страна на останатите играчи, кои сметале дека Мурињо нема почит кон двете најголеми ѕвезди во тимот. Моменти во кои дошло до тензична ситуација во која како што пишува Marca на страната на својот тренер застанале само Лука Модриќ, Микаел Есиен и Диего Лопез.

Еден ден подоцна таа тензија можеше да се почувствува и во домашната победа над Ваљадолид од 4:3 која португалскиот стратег нетипично за него во целост ја преседе на клупата на „кралевите“.

Тој ниту на полувремето, ниту пак по завршувањето на средбата наводно не им се обратил на играчите, со кои по натпреварот состанок одржал неговиот помошник Аитор Каранка.

Истиот дневен весник пренесува и дека во неделата претседателот на Реал Флорентино Перез малку ја смирил ситуацијата со тоа што со играчите се договорил за 12-дневно примирје, до финалето на Купот на кралот и дуелот со градскиот ривал Атлетико Мадрид. Средба која е последна шанса за Реал оваа сезона да освои барем еден трофеј.

Поддржете не на фејсбук со еден брз лајк:(Kликнете на линкот) NogoMania

No comments:

Post a Comment