Monday, May 6, 2013
Пола милион навивачи во битка за 24.000 билети
Преку половина милион симпатизери на Борусија Дортмунд аплицирале за билети за финалето на Лигата на шампионите против големиот ривал Баерн Минхен, кое на 25. мај се игра на Вембли.
Само еден ден откако се изборија за пласман во големото финале на Лигата на шампионите до управата на Борусија Дортмунд дојдоа преку 250.000 барања за билети, бројка која нецели недела дена потоа се дуплираше и ја надмина границата од пола милион.
Поточно, 502.567 барања за билети има од страна на навивачите на клубот од Дортмунд, кој од страна на УЕФА доби 24.042 влезници за своите симпатизери. Бројка која е иста како и кај Баерн Минхен, и која не смее да варира.
Сега на управата на „милионерите“ е тешката задача во следните неколку дена да одлучи кои ќе бидат тие 24.042 среќници кои на 25. мај ќе се најдат на Вембли во Лондон во делот наменет за фановите на Борусија.
Инаку, „милионерите“ оваа сезона на својот Сигнал Идуна Парк имаат просечна посетеност од околу 80.000 гледачи, а нивната публика важи за една од најверните во Европа.
Кога се билетите за финалето во прашање тие во моментов се продаваат по цена која се движи од 60 до 330 фунти. Бројки кои до пред почетокот на финалето „на црно“ се очекува повеќекратно да се зголеми.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment