Tuesday, May 7, 2013

Арсенал преговара за Јоветиќ


Првите луѓе на „топџиите“ веќе некое време се во преговори со управата на Фиорентина за трансфер на Црногорецот во Лондон по крајот на оваа сезона.


Откако пред неколку недели ги стартуваа контактите со Фиорентина во врска со Стеван Јоветиќ, од Арсенал сега ги засилија своите напори да дојдат до Црногорецот, откако добија позитивен одговор дека „виолетовите“ би можеле да го продадат својот најдобар играч.

Не е никаква тајна сумата која Фиорентина ја бара за Јоветиќ, а која се движи помеѓу 30 и 35 милиони евра. Сепак, „топџиите“ се убедени дека можат да ги убедат Италијанците на трансфер кој нема да биде повисок од 23 милиони евра. За очекување е нивната прва понуда да изнесува 20 милиони евра и дека неа тие ќе ја испратат за Фиренца веднаш по отворањето на преодниот рок во Премиер лигата на 20. мај.

Покрај младиот Црногорец, повеќе англиски медиуми пишуваат и дека Арсен Венгер посакува да види уште едно звучно име во својот напад за следната сезона. Така, претставници на „топџиите“ веќе стапиле во контакт со Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд, а како опција се спомнува и Един Џеко од Манчестер Сити.

No comments:

Post a Comment